Азири: СДСМ си даде автогол, отфрлајќи го законот за амнестија – ќе го предложиме пак, според редовна процедура

„Алијансата за Албанците не се откажува од Законот за амнестија и покрај тоа што пред неколку дена беше отфрлена потребата од воведување на овој закон според постапка. Таа ќе ги почитува потребните процедури и законот ќе го предложи повторно овојпат според  редовна процедура. Не е исклучена можноста да го предложи пратеничката група на Алијансата за Албанците, а не министерот за правда од нивните редови Кренар Лога.“изјави Елми Азири, потпретседател на Алијансата за Албанците и пратеник во Собранието на Република Македонија од нејзините редови. Азири овој став го изнесе во настапот во емисијата „Клан дебата“ на емисијата на албански јазик ТВ Клан Македонија.



ТВ Клан Македонија пишува: „Во овој случај СДСМ си даде автогол, бидејќи токму оваа партија во 2018 година предложи закон за амнестија и гласаше за него. Сегашниот предложен закон во голема мера е ист со тој тогашен закон, освен што министерот Лога повлече некои членови, кои се однесуваат на јавните функционери. Можеби и ова беше еден хендикеп, што не предложија таков закон.“ – изјави Елми Азири.