„Пратеникот на Алијансата за Албанците Елми Азири ја обвини поранешната градоначалничка на Тетово Теута Арифи за злоупотреба на буџетот за време на управувањето со општината и рече дека ова не е изолиран случај, туку појава што ја има насекаде во институциите раководени од ДУИ.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.
„Лајм“ ја пренесува изјавата на пратеникот Елми Азири: „Подолго време гласно се зборува за злоупотребата на службената положба од страна на експонентите на ДУИ. Корупцијата и криминалот се исто толку гласни. Последиците најмногу ги чувствуваат граѓаните на оваа земја. Има многу државни институции, кои треба да ја обезбедуваат правдата, како што се обвинителството и судовите. Поранешната градоначалничка на Тетово и потпретседател на ДУИ Теута Арифи синоќа во дебата избира со молк да се брани во врска со обвинувањата за изнуда на пари на граѓаните.“
„Скандалот на Теута Арифи и злоупотребата на буџетот на Тетово не е изолиран случај туку е појава насекаде присутна. Коруптивниот и криминоген менталитет е присутен во секоја општина и институција, со која раководи ДУИ. Феномен сам по себе е молчењето и оставањето во заборав и неодговорноста во овие случаи од страна на институциите, кои мораат да го истражуваат криминалот, како што се обвинителството, финансиската полиција, државната полиција и слично.’ – рече, меѓу другото, пратеникот на Алијансата на Албанците Елми Азири.’ – објави „Лајм“.





