„Изненадени сме како е можно толку лесно политичка партија да растури еден договор и утре да потпише друг договор’ – вака Елми Азири, пратеникот на Алијансата на Албанците, го прокоментира влегувањето на Алтернатива во Владата.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“ во својата информација со наслов „Елми Азири: Алтернатива е многу осрамотена пред јавноста по спогодбата за влегување во Владата“.
„Лајм“ пишува: „Азири додаде дека е тоа уште помалку сфатливо, бидејќи Алтернатива му се придружува, како што кажа, на ‘најлошото и најнеефикасното парламентарно мнозинство во 30 – те години на политичкиот плурализам во Македонија’. ‘Навистина, изненадени сме од ваквата постапка на политичкиот партнер“ – рече Азири.“
„Тој оцени дека е, исто така, ‘дискутабилен и мотивот’, поради кој е потпишана спогодбата за заедничко владеење меѓу премиерот Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши, бидејќи, како што истакна, „идните активности ќе ги преземе новиот мандатар“.
„Многу се блиски со СДСМ и ДУИ. Неодамнешните постапки на овој политички субјект создадоа многу голем јаз меѓу нас и нив“, рече Азири, одговарајќи дали може да се очекува соработка со Алтернатива во иднина.’





