„Генералниот секретар на Беса Аднан Азизи реагираше на општествената мрежа фејсбук по публикувањето на информациите дека министерот за правда Бојан Маричиќ побарал од претседателот на Македонија Пендаровски помилување за Бобан Илиќ, убиецот на малиот Алмир. Азизи изјави дека не се случиле вакви срамотилаци додека Беса беше во Владата. Натаму, тој додава дека оваа Влада треба да се урне или со протести, или да се одржат предвремени парламентарни избори.“ – извести информативната агенција на албански јазик ИНА, пренесувајќи ја целосната објава на Азизи на фејсбук:
„Нов срам на оваа Влада на Македонија. Додека ние, од Беса, бевме во Владата најмалку можеа да се случат вакви срамотилаци.
Како не ви е срам да помислите и да си дозволите да пишувате писмо за помилување на затворската казна на убиецот на 4 – годишниот Алмир?!
Од Влада на надежта вие се претворивте во Влада на срамот – нема како да се каже поинаку. Влада која останува на функција само за да се покријат криминалот и корупцијата.
Сега е време оваа политичка каста да си замине. Или со предвремени избори, или со протести на улица.“





