Азири: „Алтернатива ги злоупотреби монтираните случаи, за да ги спаси ДУИ и Владата“

„Пратеникот на Алијансата за Албанците Елми Азири смета дека напуштањето на албанската опозициска коалиција од страна на партијата Алтернатива и нејзиниот премин на страната на мнозинството само им го продолжи животот на Владата и ДУИ.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.

„Лајм“ пишува: „Што се однесува до разјаснувањето на монтираните случаи како една од точките на договорот со Алтернатива, за да стане таа дел на Владата, Азири рече дека не е преземено досега во оваа насока. ‘Учеството на Алтернатива во Владата само и го продолжи нејзиниот живот. Алтернатива му го продолжи животот на еден политички субјект, на ДУИ, кој таа како партија постојано го критикуваше.’ – кажа Азири“.

„Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села уште тогаш имаше упатено повик до Алтернатива да не манипулира со монтираните случаи, туку да се ангажира за нивно расветлување, како што вети во текот на преговорите за свое вклучување во Владата.“