„Предупредивме дека по одржувањето на Самитот на Европската Унија на 22 и 23 јуни Алијансата за Албанците ќе објави проект и предлог за своите активности, но веќе подинамични, со цел да ја извади вистината на површината и да им ја претстави на граѓаните својата понуда до нив. Алијансата за Албанците ќе бара предвремени парламентарни избори.’ – рече на денешната прес-конференција пратеникот во Собранието на Алијансата за Албанците Елми Азири.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.
„Журнал“ ги цитира искажувањата на Азири на прес-конференцијата: „Граѓаните се сведоци дека меѓународните претставници во земјава почнаа гласно да зборуваат за степенот на политизираност на институциите, особено на институциите на судствoто поради високата корупција и поради неподготвеноста на институциите да се борат против корупцијата и се друго. Се ова се доволни причини Алијансата за Албанците да бара предвремени избори.“
„Алијансата за Албанците му даде приоритет на Самитот на Европската комисија, што ќе се одржи на 22 и 23 јуни. Нашите молби до Бугарија се да го повлече ветото и да им даде сигнал и силна надеж на граѓаните на с.Македонија дека вратите на Европската унија се отворени за граѓаните на оваа земја во целина.’ – изјави пратеникот на Алијансата на Албанците Елми Азири на денешната прес-конференција.“





