Уставниот суд треба да да го каже последниот збор. Иницијативата значи обединување на целата бизниc-заедница во однос на овој закон, што е редок позитивен пример и покажува дека Клубот 100 при нашата комора правилно постапил реагирајќи на правните и процедурални пропусти во самиот закон, потенцира претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.
- – Првпат иницијатори за оспорување на законското решение кое има финансиски последици врз компаниите се оние бизнис-субјекти врз кои Законот нема финансиско влијание. Значи, компаниите кои не се опфатени со овој закон и кои немаат обврска да го платат овој данок се иницијаторите Законот да се достави до Уставниот суд, а тоа зборува многу за улогата што ја има Комората, пред сѐ, во поврзувањето или во вмрежувањето и во застапувањето на бизнис-заедницата гледана како една целина. Бизнисот е целосно усогласен во однос на забелешките кон Законот за данок за солидарност“, нагласи Азески.

Доставата до Уставниот суд, потенцираше Азески, зависи од потребните процедури и правни механизми. Но, секако, Законот ќе се најде пред Уставниот суд.
- – Ова е трет закон оваа година што ќе го оспориме на Уставен суд, што доволно зборува за тоа дека се исцрпени можностите за преговарање и за почитување на нашите аргумент. Сакам да појаснам дека Законот за данок за солидарност нема никаква врска со оспорување на солидарноста. Има врска со определени процедури и основни принципи на работа што мора да се почитуваат-смета Азески.
Азески нагласи дека Комората поддржува законска и легитимна процедура и дека непослушноста не е опција што ја промовира.
- – Упативме дописи со аргументи образложени на повеќе страни, усогласени и потпишани од највисоките органи и тела на Комората, предводени од Клуб 100, а поддржани и од Управниот одбор, Надзорниот одбор, од Собранието на Комората, Советот на странски инвеститори и од другите бизнис-организации.Нашите очекувања се дека Уставниот суд на Македонија ќе биде на висина на својата улога и одлуката ќе ја донесе врз основа на законитоста и на уставните одредби“, вели Азески.





