Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата, порачува Бранко Азески претседател на Стопанската комора на Македонија. во напис запорталот „Фактор“.
„ Го живееме веќе осмиот месец во овие вонредни околности. Состојба од размери какви не се видени досега, на глобално ниво. Неизвесноста за бизнисот е можеби најголемиот непријател – водењето бизнис се заснова на планирање и предвидливост, секојдневни контакти и брза циркулација на информации, слободно движење и глобална поврзаност… излишно е да коментирам колку сето ова се смени последниве неколку месеци.
Првичните анализи на водечките меѓународни институции пролетта говореа и за „оптимистичко“ сценарио, кое вклучуваше очекувања за совладување на заразата и враќање на економските активности во нормалните текови во последниот квартал од годинава – во моментов, повеќе од неспорно е дека тоа не е возможно. Во ситуација кога дневниот број на новозаразени лица во светот надминува 400.000 (…), на сите ни е јасно дека ова нема да заврши утре – впрочем, веројатно месеците пред нас ќе бидат уште потешки од оние што ги поминавме досега оваа година, вели .
(…)
Дури и најоптимистичките сценарија сега упатуваат на заклучокот дека светската економија нема да заздрави од шокот кој го предизвика корона вирусот пред 2025 година.
Искуствата од претходни економски кризи укажуваат дека два фактора може да се клучни за брзото заздравување – потрошувачите и извозот.
(…)
Што може да заклучиме од сите овие показатели? Неспорно е дека со последиците од оваа криза ќе се соочуваме најмалку до 2025 година. Во сите светски економии, вклучувајќи ја и македонската, мерките за помош на компаниите ќе завршат заклучно со вториот квартал од 2020 година – после тоа, секоја национална економија ќе треба самата за себе да се справува со состојбите и секоја компанија ќе биде оставена самата на себе. Затоа, неопходно е економскиот тим на Владата да има подготвено долгорочна стратегија како македонската економија да се справи со кризата – дополнително на тоа, потребно ќе биде државните власти да ослободат средства од компаниите (преку ревидирање на царинската политика и парафискалните давачки), кои треба да бидат насочени кон вработените и раст на платите, на кој начин ќе се гради човечкиот капитал, кој може да биде најсилната компаративна предност на секоја економија за побрзо закрепнување. Искуствата од претходни рецесии, но и состојбите на теренот покажуваат дека антикризните мерки треба да бидат насочувани кон домашните компании кои најмногу го полнат Буџетот, креираат работни места и преку извозните активности носат девизи – можеби наједноставниот прв чекор би бил најтранспарентно да се одберат најголемите 30 компании од овој профил и директно да се прашаат како најдобро да им се помогне во овој кризен период – тие ќе бидат моторот на македонската економија во наредниот период.






