Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески реагираше со писмена изјава по одлуката на Министерството за надворешни работи на Црна Гора, тој да не биде повеќе почесен конзул на оваа земја.
„Црна Гора е независна и суверена држава, која согласно Уставот е дефинирана како граѓанска, демократска, еколошка и држава на социјална правда, заснована на владеење на правото. Иако независноста на Црна Гора е обновена на 3 јуни 2006 година, со истапувањето од државната заедница со Србија, таа претставува една од најстарите европски држави. На овие простори се простирала латинската провинција Превалис, средновековната држава Зета, а денес современата држава Црна Гора, која претставува своевидна раскрсница на која се испреплетени повеќе историски случувања, народи и култури (илирска, словенска, византиска, турска), како и религии (христијанска и исламска), кои оставиле свои траги до денешен ден.
Голема благодарност до сите оние со кои соработував на оваа важна мисија за бизнисите на нашите две држави. На Црна гора ѝ посакувам брз развој и просперитет, ана компаниите поголем профит“, се вели во изјавата на Азески кој функцијата почесен конзул на Црна Гора ја извршуваше од 2 јуни 2016 година.
Владата во Подгорица го отповика почесниот конзул затоа што се обидел да ги омаловажи и компромитира највисоките власти во Црна Гора презентирајќи свои лични забелешки и предвидувања во врска со работата на Владата.







