Стопанската комора е против зголемувањето на минималната плата од страна на владата и против тоа недела да биде неработен ден со закон, изјави за „Канал 77“ претседателот Бранко Азески.
„ Минималецот може да биде и 30.000 денари ако се базира на зголемена продуктивност, а не на владин декрет што е против сите пазарни и бизнис логики.
Истото тоа важи и за недела неработен ден. Ако се биде по закон со платени дневници, прекувремено зошто кој сака да не работи.
Треба ли Охрид како туристички центар да се затвори за викенд“, вели Азески за мешањето на политиката и бизнисот.
Според првиот човек на комората бизнисот треба да биде на бизнисмените, а политиката на политичарите кои треба да бидат професионалци кои ќе користат совети од стручни луѓе.







