Азески: Годинава раст на БДП до 1 отсто?

„Има голем пад во градежништвото и може да се гледа на таа стопанска гранка како на загрозена, а трговската размена со земјите од ЦЕФТА е падната са осум отсто. Според тоа не гледам зошто би имале поголем раст на бруто домашниот производ од еден отсто за 2018. Истиот на крајот може да биде и помал од тоа“, вели претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, пренесува „Фактор“



Тој е поголем оптимист и од ММФ, кој ја намали прогнозата за економскиот раст за Македонија на 1,6 отсто, наместо првичната проценка од 3,2 проценти.

И Светска банка ја намали прогнозата за растот на економијата во Македонија на 2,3 отсто, во споредба со претходно очекуваните 3,2 проценти.