Азербејџан би ни доставувал гас, но нема инфраструктура!

Македонија може да се снабдува со природен гас од Азербејџан, но проблемот е во недостиг на потребниот преносен капацитет, вели вели во интервју за МИА Елчин Амирбајов, специјален пратеник на претседателот на Азербејџан, кој престојуваше во дводневна посета на земјава.



Недостасува самата инфраструктура, дистрибутивната мрежа, која не само што би овозможила да добиеме азербејџански гас, но и да го доставиме до домовите, нешто што е обично обврска на земјата која увезува гас.  

Според Државниот завод за статистика, трговската размена со Азербејџан минатата година била нешто повисока од половина милион евра кога станува збор за извоз и 150.000 евра увоз.

„Азербејџан е традиционално позната како држава извозник на енергенси“ вели Амирбајов.

Ние сме еден од главните стратешки партнери на Европската Унија кога станува збор за енергетската сигурност на ЕУ. Знаеме дека Македонија е земја кандидат, мислам дека минатата година ги започнавте преговорите и многу држави од Југоисточна Европа се во контакт со Азербејџан во моментот за да се договорат за снабдување со природен гас, но енергенсите се само едно поле и мислам дека треба да видиме кои се главните добра што двете држави можат да ги понудат една на друга. Мислам дека би требало да имаме редовен канал на комуникација во однос на стопанските и трговските можности. Затоа мислам дека ни претстои многу работа.

Азербејџан неодамна акредитираше нов амбасадор во Македонија, нашиот амбасадор во Србија сега е и амбасадор во Скопје.

За жал, сè уште немаме акредитиран претставник од Македонија во Азербејџан, но мислам дека контактите што ги имавме неодамна може да создадат можности да се пополнат овие празнини и мислам дека една од главните причини за ниската трговска размена е недостигот на на знаење за економските можности во двете држави и се надевам дека многу брзо ситуацијата ќе се промени“ вели Амирбајов за МИА.