Аземи: „Протестите на примитивните македонски националисти станаа штали за коњи: мочаат кај куќите до Владата и ја ‘бранат Македонија’!“

„Така наречените македонски националисти изгледат многу трагикомично: се огласуваат со ставови наводно против францускиот предлог, а од друга страна, со антиалбански пароли ги полнат потрошените батерии на примитивниот македонски национализам. Сите нивни протести се претворија во штали за коњи, бидејќи преку ден мочаат и вршат нужда во близина на куќите и веднаш до шаторите пред зградата на Владата. Ако некој од жителите се пожали на нивното нецивилизирано однесување, тие викаат ‘Ја браниме Македонија!’.“ – вели долгогодишниот новинар, публицист и писател Емин Аземи од Македонија во својата провокативна и навредлива колумна со наслов „Потрошените батерии на примитивниот македонски национализам се полнат со антиалбански пароли!“, која ја објавија косовскиот весник Бота сот“ и други медиуми на албански јазик во Македонија и Балканот.

Аземи пишува: „На улиците и плоштадите во Скопје се бара да се заштити загрозениот македонски идентитет, но од друга страна на овие протести се случува трагикомична фарса, бидејќи таканаречениот македонски национализам има антиалбански дух. Овој дух, што се пројавува на овие протести, цели да ја пренасочи протестната платформа, внесувајќи елементи на меѓуетничка нетрпеливост, со воведување непотребен судир со Албанците како надоместување за изгубените идентитетски битки со Бугарите.“

„Таканаречените македонски националисти не знаат ни да направат нормални протести. Не си баш македонски националист, ако не пцуеш и ако не навредуваш Албанци. За да се види протестната култура на еден народ, доволно е да се следи однесувањето на македонските навивачи: се случуваше да извикуваат ‘Смрт за Албанците!’ и кога на стадионот имаше многу Албанци-фудбалери, кои играа за репрезентацијата на Македонија!“

„Вакви недоветни протестанти ретко се наоѓаат во светот. За да бидеш целосно националист, особено Македонец, мора да имаш бугарски пасош, да си љубител на српската музика и музика, но да имаш и омраза кон Албанците уште од детството. На протестот во петтиот ден македонските протестанти незадоволството кон Бугарија го искажаа на бронзениот споменик на Скендербег, фрлајќи кон него боја и тврди предмети. Се обидоа и да влезат во албанскиот дел на Скопје, но полицијата ги спречи.“

„Каква раса се овие примитивни македонски националисти, што имаат толкава омраза кон Албанците? Зошто го имаат овој гнев кон Албанците, кога овие никогаш не им го негирале на Македонците јазикот, црквата и историјата? Бугарите, Грците и Србите дење и ноќе им го негираат идентитетот на Македонците, но таканаречените македонски националисти со бугарски пасоши и просрпски музички склоности се премногу културни кон нив. Македонските националисти не се борат за својот јазик и историја, што им ги негираат Србите и Бугарите, туку се борат против албанскиот јазик, да се третира и натаму како ’20-процентен јазик’.“

„За еден прост македонски протестант, заслепен од примитивниот национализам, албанскиот елемент претставува проблем, дури и кога министерот за надворешни работи е од албански етничка припадност. Бујар Османи го викаат Бугар Османи, затоа што им е полесно да удрат врз самарот, одошто врз коњот. Наместо да ја заштитат Македонија од нивниот примитивизам, тие се штитат од Албанците, кои не провоцираат со ништо. Овие шарлатани-протестанти не можете да ги најдете никаде во светот, бидејќи протестите насекаде имаат кауза. Каузата во македонските протести се губи некаде низ скопските улици и плоштади.“