„Премиерите на Албанија Еди Рама и на Косово Албин Курти, како и лидерот на ДУИ од Македонија Али Ахмети се во овој момент апсолутните владетели на албанската политичка сцена во Балканот. Дали тие можат да го направат ‘албанскиот Комонвелт“ – вели новинарот и публицист Емин Аземи од Македонија во својата колумна, која ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА.
Инаку, изразот „Комонвелт“ означува „Заедница на нации и држави“, според моделот на постојниот Британски комонвелт (Commonwealth of Nations) – Заедница на држави, кои некогаш претставувале дел од Британската Империја.
Аземи пишува: „Фотографијата над оваа колумна содржи и испраќа порака. Таа содржи лајтмотив, кој останува да се потврди и во праксата: да бидеме заедно и кога доаѓаме од различни политички табори, да бидеме заедно, оставајќи ги настрана инаетите и себичностите. ‘Преспа Форумот’ имаше за цел да испрати евроинтегративни пораки, но албанските лидери покрај овие пораки го ‘прочитаа’ моментот и да се надминат себеси во ползата на општото добро.“
„Премиерите на Албанија Еди Рама и на Косово Албин Курти, како и лидерот на ДУИ од Македонија Али Ахмети се во овој момент апсолутните владетели на албанската политичка сцена во Балканот. Многу е природно не само заради куртоазија, туку и заради ‘идниот Албански Комонвелт’ Рама, Курти и Ахмети да се среќаваат и да ги исцртуваат линиите на заедничкото економско, културно и дипломатско патување, секако во духот на евроатлантските интегрирања….“
„Нека биде фотографијата од Охрид, која се наоѓа над овој текст, нека биде уште еден мотив повеќе за усогласување на ставовите во иднина. Ова и поради фактот, што Албанците се единствениот чинител во Балканот, кој создава геополитичка рамнотежа, спротивставувајќи им се на руските и српските стремежи за доминација на нивните противзападни политики.“
„Со Албанците, построени од Европа до Америка, Западниот Балкан задобива позначајна димензија во својата геополитичка реконфигурација, додека Албанците го добиваат своето место, што го заслужуваат – во големото европско семејство“





