Слободан Миќиќ, кој на регионалната јавност ѝ беше познат по патеписните емисии „Светот на дланка“, почина денеска по долго боледување на 76-годишна возраст.
Модерниот патеписец во своите емисии на гледачите им ги приближуваше земјите и културите од сите пет континенти…
Микиќ поминал повеќе од 180 земји, бил директор на туристичката агенција „Путник“, а од пред 30 години сопственик турстичката агенција „Кон Тики“ .
Економистот по професија и светски патник по вокација успеа преку своите емисии да ги однесе луѓето во најдалечните делови на планетата – од Уганда до Галапагос, од Фиџи до Исланд, каде беше почесен конзул, ги отвори вратите на многу дестинации, а на публиката им ги приближи необичната храна и обичаите.




