Автопатот Миладиновци-Штип има име: „Гоце Делчев“

Премиерот Зоран Заев нема ништо против името на автопатот Миладиновци-Штип да биде „Гоце Делчев“.



Одлука за името е донесена од претходната власт уште кога почна изградбата на делницата и е објавена во Службен весник.

Заев, на новинарско прашање, одговори ека не бил е запознаен со таквата одлука, но рече дека ќе ја почитува.

„Ако е така така ќе остане.Нема потреба од промена. Ако веќе се завршени процедури околу именувањето на патот одлично“, изјави премиерот.