Договорот со кинеската „Синехидро“ истекува на 31 декември, но автопатот Кичево-Охрид е далеку од готов.
Во тек е подготовка на експертски извештај, кој потоа треба да се достави и до Јавното претпријатие за државни патишта, Министерството за транспорт и врски и Владата.
Од Владата не соопштуваат ни кој ќе продолжи да го гради автопатот, дали „Синохидро“ или друга компанија.
Власта уверуваше дека автопатот кој почна да се гради во 2014 и за кој досега се потрошени 600 милиони еврао години, ќе биде годот во крајот на оваа година.
Премиерот Димитар Ковачевски минатиот месец рече оти не гледа вина во себе и во неговите министри што автопатот нема да биде готов до крајот на годината како што од власта ја уверуваа јавноста.
Тој најави можност за раскинување на договорот со кинеската компанија, а за одговорноста рече дека треба да се бара кај изведувачот и проектаните.





