Жителите од скопска Автокоманда, денеска во 18 часот ќе го блокираат булеварот Александар Македонски“ во знак на протест против тајното префрлување на населбата од таканареченото “железарско парно“ на топловодната мрежа која се снабдува од Топланата Исток со која стопанисува државната компанија ЕСМ.



АВТОКОМНДА БАРА ПОМОШ ОД ПОРАНЕШНИОТ КОМШИЈА ПЕНДАРОВСКИ

24-часовното парно кое граѓаните од овој дел на градот го плаќаа 37 отсто поскапо од останатите корисници, од 1 февруари е заменето со млаки радијатори, температура во становите далеку под 20 степени, безброј реакции, постови и коментари на социјалните мрежи, залудни поплаки до “надлежните” и игнорирање на нивните апели.

По неуспешната средба минатата недела со раководството на “Енергетика“ која измимативе десеттина години ја снабдуваше населбата со парно, жителите напомош ги повикаа своите претставници од локалната и централната власт, барајќи поддршка за своите барања.

Своето присутво на денешниот протест го потврдија пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, претседателката на Советот на Оштина Гази Баба, Дијана Илиевска, советниците во општинскиот совет, Александар Каровски и Филип Атанасов, а се очекува на блокадата да дојде и градоначалникот Бобан Стефковски кој го поддржа и првиот собир на граѓаните.

Иако покана е упатена и до претседателот Стево Пендаровски како жител на Автокоманда до неговиот избор во 2019 година, засега нема најава дали ќе излезе на барикадите заеедно со своите поранешни соседи.

Со оглед на тоа што истиот проблем од следната грејна сезона ги очекува и корисниците на парно во населбите Железара и Маџари, се очекува протестот да го поддржат и граѓаните од овие места.

Денешната блокада на главниот влез во Скопје е трет протест зиаминативе неколку дена откако минатата недела беше блокиран и кружниот тек во Автокоманда.