Откако денеска не добија одговор на нивните барања зошто без најава, среде грејна сезона 2.000 домови „тајно“ пред три дена беа префрлени од таканареченото „желкезарско парно“, на средбата во ЕСМ „Енергетика“, претставници на Урбаната заедница Автокоманда ќе ја остварат својата најава да го блокираат булеварот „Александар Македонски“ со цел да го свртат вниманието на нивниот проблем.
Од Урбаната заедница се изненадени и од соопштението на ЕСМ Дистрибуција според кое граѓаните шпекулирале и ширеле лажни вести и тревога иако немало никаков проблем, а целата постапка за префрлувањето било заради рационализација на централното греење, застарените котли во ЕСМ Енергетика и заради изедначување на доставката на поарно на граѓаните од Автокоманда со другите потрошувачи-граѓани корисници на топлинска енергија цво Градот.
Граѓаните не веруваат дека „старите котли“ се причина за сегашната ситуација:
„Може ли Владата да ни објасни зошто во ЕСМ Енергетика пред 3 години биле инвестирани 15 милиони евра за нова гасна централа, а сега зборуваат за застарени котли“,изјави еден од присутните на вчерачната блокада на кружниот тек меѓу населбите Автокоманда и Железарница.
Она што останува нејасно за потрошувачите е зошто во иднина ќе добиваат исти сметки за речиси двојно помалку топлина, а кои се за 37 * повисоки од оние кои ги плаќаат другите потрошувачи.
Поради сите овие причини, опобарана е дозвола за организирање протест со блокада на булеварот „Александар Македонски“, една од најпрометните артерии во градот, во вторник, објави на на социјалните мрежи Слободан Павлов, претседател на Урбаната заедница Автокоманда.








