Навечер е ужас. Мора да затвораме прозорци. Не се дише едноставно. Од убава населба во Гази Баба, Автокоманда стана хаотична населба.
Ова се дел од поплаките на жителите на скопската населба Автокоманда кој денеска одржаа протест под мотото „Автокоманда сака да дише“.
Од истоимената иницијатива порачаа дека ова е предупредувачки протест, а доколку не се преземат мерки против енормното загадување, ќе пристапат копн непопуларни мерки како блокади…
Сите знаеме кој ја труе нашата населба, но никој не ги казнува загадувачите, велат граѓаните и прстот го вперија во надлежните институции за кои велат го игнорираат проблемот со загадувањето.
„Ова го организираме за сите граѓани од Општина Гази Баба, особено за младите деца, затоа што ние родителите сме сведоци за последиците, често сме по болници и амбуленти и најчесто децата страдаат и се разболуваат од воздухот.” – изјави Соња Стаменковска од иницијативата „Автокоманда сака да дише“.





