Граѓани на Автокоманда вечерва го блокира булеварот „Александар Македониски“ на крстосницата со ул. „16-та македонска бригада“ на третиот по ред протест откако без знаење и нивна согласност им беше укинато таканареченоето „железарско парно“ што до почетокот на овој месец го добиваа од „ЕСМ „Енергетика“ и беа префрлени на ЕСМ Дистрибуција.
Тие негодуваат бидејќи за „трансферот“ не биле претходно информирани, велат дека постапката била тајна и дека се незадоволни од сегашното снабдување со топлинска енергија кое не само што е во часови покусо, туку имаат и студени радијатори.
„Доколку остане така ЕСМ комплетно нека не’ исклучи и нека ги земе и радијатоорите“ велат граѓани кои се закануваат дека нема да ги плаќаат сметките кои остануваат како и досега, а се за 37 насто повисоки од оние што го плаќаат останатите потрошшувачи во Градот.

Проблем, сметаат тие е и немоижноста – доколку не се задоволни од греењето – да се исклучат зашто за тоа треба однапред да ги платат сметките се’ до месец август.
Велат дека нема да отстапат од нивните барања да бидат одново приклучени на ЕСМ „Енергетика“.
Вечерва тие добија поддршка и од градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобаn Стефковски, од пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, избрани од оваа општина, како и од членовите на Советот на Општината…

„Разочарани сме што не добивме поддршка и од нашиот поранешен сосед Стево Пендаровски и сега претседател на државата, иако го повикавме“, рече Слободан Павлов, претседател на Урбаната заедница Автокоманда.








