„Според првичните информации на бугарските медиуми имало гориво во автобусот кое било купено од Турција каде е поевтино отколку во Македонија и Бугарија. Тоа  гориво се запалило и е една од причините за несреќата.



Има информации дека автобусот кога влетал во заштитната ограда, 50  метри возел без да сопре. Нема траги на кочење, што значи изгубил контрола над возилото. Кога влегол во банкината бил предизвикан пожарот, ударот кој се почувствувал во автобусот го предизвикал почарот,вели новинарката Патриција Кирова, за ТВ 21.

Таа пренесува стравично сознание дека сите загинати во несреќата биле на средна врата во обид за спас, немало ниту еден на седиштата,

Огнот започнат да гори од предната страна, каде според бугарската полиција имало туби со нафта покрај резервните гуми.

„Има информација дека немало втор возач во автобусот што за пат од Истанбул до Македонија би требало да има  уште еден возач. Ако едниот е уморен за да не заспие, другиот да го смени“, додава Патриција Кирова.

Последна вест

Што ли сега згрешиле?!

МКД.МК: Авторите на емисијата „Заспиј ако можеш“ утре на распит во Обвинителството