Градските автобусите почнаа да возат, протестот е прекинатм, Град Скопје пренамени 2 милиона евра од буџетот за плати на ЈСП. На втората вонредна седница на градскиот Совет се усвои одлуката за да може да се префрли плата на вработените. Тие кажаа дека автобусите од двете бази, од Автокоманда и од Ѓорче Петров од 14 часот се на улиците.
– Што се однесува до платите утре на трансакциските сметки ќе биде префрлени. Што особено не радува замислете плата! И ме радува тоа што средствата се обезбедени од буџетот на Град Скопје што значи не ќе треба да чекаме до 15-ти да ни легнат тие средства, кажа Стојановски.
Седницата, за разлика од вчера, помина без партиски препукувања меѓу градоначалничката и советниците. Сите едногласно ја прифатија одлуката за пренамена на парите.
Градоначлничката Данела Арсовска од говорницата денеска не се караше со советниците, туку ги замоли сите да најдат начин како да се помогне претпријатието. По завршување на седницата изрази жалаење што за првпат во историјата Скопје остана без јавен превоз.
Инаку, уште од 4:30 изутрина автобуси немаше по улиците, а граѓаните беа оставени сами на себе да се снаоѓаат како да стигнат до работа, лекар, училиште.
На автобуските станици се создаваше метеж од граѓани, кои се качуваа во веќе преполните приватни автобуси кои денеска сообраќаа. 3а прв пат Скопје остана без првоз, а вака изгледаа автобуските постојки.
Инаку, ЈСП кое е клучно за функционалноста на главниот град подолго време се „дави“ во долгови, но моменталната ситуација се смета за најкритична досега, а сето тоа паѓа врз грбот на граѓаните.





