Автобус падна во бездна во Турција – 12 загинати

Во трагична несреќа на патнички автобус во Турција загинаа 12 лица, а 19 се повредени, објави турскиот весник „Хјуриет“.



Автобусот се движел од Сивас кон Истанбул кога возачот изгубил контрола над возилото во понеделникот во раните утрински часови. Автобусот паднал во бездна длабока 20 метри.

На местото на несреќата се испратени екипи за итна реакција, вклучително и служби за итни случаи, полиција, жандармерија и службеници од Канцеларијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

19 -те повредени патници се пренесени во медицинските установи во областите Јозгат и Соргун. Еден од нив и понатаму е во критична состојба.

Прелиминарните сознанија покажуваат дека главната причина за несреќата е невнимание, објасни гувернерот на Јозгат, Мехмет Озкан.