Цамо во првиот ден кога се појави во книжарниците на 10 јануари, автобиогравската книга „Spare“ на принцотн Хари била продадена во 1,4 милиони примероци
Ова е рекорд за Penguin Random House, кои беа и издавачи и на автобиогравската „Мојата приказна“ на Мишел Обама.
Книгата на поранешната прва дама на САД постигна ист број на продажба, но за една недела, откако беше објавена во 2018 година, со главно позитивни критики.
Сепак, книгата на принцот Хари доби различни критики од критичарите.
„Кога ќе ја погледнеме неверојатната продажба од првиот ден, јасно е дека читателите сметаат дека „Spаre“ мора да се прочита.
Продадените 1,4 милиони примероци вклучуваат издание со тврд повез, аудио книга и е-книга продадени во САД, Велика Британија и Канада.
Книгата е издадена на 16 јазици досега, што значи дека допрва ќе се дознае вистинскиот обем на продажба.







