На покана на шефот на државата Стево Пендаровски, сојузниот претседател на Република Австрија, Александер ван дер Белен, престојува во официјална посета на Македонија.
На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека австрискиот колега допатува во придружба на неговата сопруга, Дорис Шмидауер.
Покрај средба со неговиот домаќин, тој денеска ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со премиерот Димитар Ковачевски.
Предвидено е тој да има обраќање и во македонскиот парламент.
Како што соопштија од кабинетот на шефот на државата, Ван дер Белен ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во вила „Водно“, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Австрија.
Според агендата за посетата, двајцата претседатели треба да се обратат на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу Македонија и Австрија“.
Ван дер Белен во земјава доаѓа по посетата на Албанија.







