Ако Северна Македонија не добие датум за преговори со ЕУ ова лето, се заканува пропаѓање на досега единствениот позитивен и европски модел на Балкан, пишува австриски „Стандард“.
Авторот Аделхајд Велфл во австрискиот весник „Стандард“ во текстот со наслов „’Не’ за Скопје ќе значи крај на ЕУ-проширувањето“ пишува за можноста Северна Македонија летово сепак да добие датум за почеток на преговори со ЕУ, иако тоа што германскиот Бундестаг темата не ја дискутираше, е разочарување за Скопје.
Одлуката ќе требаше да ја донесе всушност Европскиот совет на 18 јуни, но поради германскиот став тоа сега се чини неможно и земјата останува во чекалницата на ЕУ, пишува „Стандард“, како што пренесува „Дојче веле“.
„Одговорност за тоа сносат и хардлајнерите во ЦДУ и ЦСУ, кои не сакаа да ѝ дадат зелено светло на Северна Македонија. И во Франција, во Холандија и Данска има задршки, всушност не поради Северна Македонија, туку поради Албанија, која ова лето ионака нема веќе никаква шанса да отвори поглавие.
Германија и Франција на овој начин дејствуваат спротивно на докажаната политика на ЕУ на Балкан за наградување на оние кои одат во правилна насока, пишува „Стандард“.




