Австриски „Стандард“ во денешното издание и порачува на ЕУ дека дозволува зголемено влијание на Кина и на Русија во Македонија и во другите земји од Западен Балкан со тоа што не испорачува свои вакцини во овој регион.



„Белград главно се потпира на кинеската вакцина Синофарм, од кои еден милион дози се веќе испорачани. Ова сега ќе се користи и во Црна Гора и с. Македонија. Политиката за вакцинација на Балканот уште еднаш покажува дека геополитичкото влијание на Русија и Кина значително се зголемува кога Западот постапува колебливо“, гласи критичкиот коментар на лијателниот „Стандард“.

Гласилото ја критикува програмата Ковакс како неуспешна и нефлексибилна.

Весникот потсетува дека само 10.000 дози досега се доставени во Албанија и дека албанскиот премиер ја критикувал политиката на ЕУ како „морално неприфатлива затоа што мисли само на себе кога станува збор за вакцинациите“. 

„… Југоисточните Европејци кои се потпреа на тоа сега заостанаа. Во Косово и Црна Гора нема дури ни репрезентативна имунизација – што веројатно нема да може да се оствари пред март. Имаше многу инфекции и смртни случаи на Ковид-19 во овие две држави. На Косово, исто така, недостасуваат обучени медицински работници кои можат да ги администрираат вакцините. Тие во моментов се обучуваат и со помош на СЗО. Во Босна и Херцеговина, првата мала испорака се очекува на крајот на февруари“, пишува „Стандард“.