Австриската влада одлучи да го примени постоечкиот Закон за ислам и да го забрани работењето на седум џамии како и да го расформира здружението „Арапска верска заедница“, изјави денеска австрискиот премиер, Себастијан Курц.
На конференцијата за новинари, премиерот објаснил дека станува збор за една џамија која е блиска на турската организација „Атиб“ која шири национализам во Австрија, како и за шест џамии на „Арапската верска заедница“.
Законот за ислам, кој стапи на сила пред три години, предвидува забрана за финансирање на имами и на религиозни организации во Австрија од странство, пренесе Ал џезира.
Министерот за внатрешни работи, Херберт Кикл, изјави дека властите водат истраги против вкупно 40 имами: Укината е дозволата за работа на двајца од нив, се води истрага против 11 имами кои имаат дозвола за престој, а другите – нема да добијат дозвола за престој.





