Прашањето за евентуалниот пристап на Украина во ЕУ сега не е соодветен начин за постигнување на поставените цели, тоа е бескрајно долг и сложен процес, изјави австрискиот канцелар.
„Можам да разберам емотивни причини и желби. Но, прашањето за влез во ЕУ – сега не е соодветно средство за да се постигне она што го правиме, а тоа е да се постигне солидарност и партнерство со Украина на небирократски и едноставен начин. Пристапните преговори се бескрајно долг и сложен процес, во кој учествуваат многу земји, како што е Балканот. Ставот на Австрија е следниов: прашањето за можното приклучување е многу сложено, членките сме 27, ќе има различни ставови“, изјави Карл Нехамер.





