Австрискиот канцелар Карл Нехамер ја отфрли можноста ЕУ да воведе санкции за рускиот гас по ударот на руската нафта, пишува европското издание на американскиот весник Политико.
„Гасот е многу различен од нафтата во однос на безбедноста на снабдувањето – многу е полесно да се компензира нафтата – рече тој – Затоа, ембаргото за гас нема да се дискутира во следниот пакет санкции“.
Доцна во понеделникот, лидерите на ЕУ се согласија да забранат купување на руска нафта.
Нехамер рече дека нафтените санкции се „мерка која секако ќе биде болна за земјите-членки“. „Но, треба да бидеме реални“, додаде тој. „Болката што ја трпиме не е ништо во споредба со страдањето на украинскиот народ.
Австрија уште во април најави дека не може да си дозволи ембарго за гас заедно со Бугарија, Германија и Унгарија.
Тој предупреди дека санкциите треба повеќе да ѝ наштетат на Русија отколку на ЕУ.
По забраната за поголемиот дел од руската нафта, ЕУ мора да стави крај на воведувањето санкции за руската енергија, изјави белгискиот премиер Александар Де Кро.
Поради повиците на некои членки потоа да се подготват санкции за рускиот гас, Де Кро рече дека блокот ја достигнал својата граница.
„Мислам дека ова е крајот на патот, особено во областа на енергетските санкции“, рече тој пред вториот ден од самитот на лидерите на ЕУ.
Де Кро рече дека руските нафтени санкции е добар договор, оценувајќи дека ја погодил Русија „право во срцето“, бидејќи приходите од нафтата биле повисоки од приходите од гас за Москва.
Естонската премиерка Каја Калас во вторникот наутро инсистираше ЕУ са го вклучи рускиот гас во следниот пакет санкции, но призна дека тоа е малку веројатно по долгите разговори за руските нафтени санкции.
„Вчера накратко разговаравме, но гасот, се разбира, е многу потежок отколку што веќе беше нафтата“, рече таа.







