Еден војник е убиен, а друг ранет по престрелка во касарна на аеродромот во австрискиот град Винер Нојштад, објави – повикувајќи се на австриското Министерство за одбрана – Ројтерс.
Дежурниот војник отворил оган при жестока расправија, а потоа бил застрелан од претпоставен офицер.
Трагичниот инцидент се случил во касарната во градот, на околу 60 километри јужно од Виена. Починатиот е на возраст од 20 години.







