Првичната одлука на австриската влада за задолжително носење маски во супермаркетите е сведена на препорака за „покривање на устата и носот“.
Добро е да се има маска, соопшти денеска владата, но и шамија ќе биде доволно.
Според владини извори, „Секако, подобро би било да се земе маска од оние што се нудат на влезот на супермаркетите“.
Но, ако клиентите не сакаат или не им се нудат маски во продавницата, тогаш доволно е да ги покриете носот и устата со крпа или шамија, соопштија од владата.





