Австрија ќе ги следи САД и Унгарија и нема да го подржи договорот на Обединетите нации за миграција, загрижена зашто тој ќе ја замагли линијата меѓу легалната и илегалната миграција, пренесува Ројтрес.
Глобалниот пакт за безбедна, уредна и редовна миграција беше одобрен во јули од сите 193 земји членки на УН, освен САД, кои се повлекоа минатата година.
Десничарската влада на Унгарија, предводена од премиерот Виктор Орбан, тврдокорен за имиграцијата, соопшти дека нема да го потпише финалниот документ на церемонијата во Мароко во декември.
Полска, која исто така е во судир со Брисел и се спротивставува на квотите за барателите на азил, го разгледува истиот чекор.
„Одлучивме дека нема да се приклучиме на договорот“, рече австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Австрија нема да испрати претставник на церемонијата на потпишување на Договорот во Мароко и ќе се воздржи од гласањето на ОН.
„Затоа ќе се воздржиме на гласање на Генералното собрание на УН во 2019 година“, рече Курц за ОРФ радио.





