Австрискиот канцелар Себастијан Курц се зазкани со вето доколку Европската комисија инсистира земјите-членки да уплаќаат по 1,11 проценти од нивниот БДП во буџетот на Унијата.
„За нас е неприфатливо 1,11 отсто. Ќе ставиме вето“, порача австрискиот канцелар.
Курц вели дека се’ уште се водат преговори и се надева дека ќе има нов предлог што ќе биде прифатлив до вонреднбиот самит на ЕУ за финансиската рамка за периодот 2021 до 2027 кој е закажан за 20 февруари.
Инаку, оние држави кои плаќаат повеќе отколку што добиваат од буџетот на Унијата сакаат да остане „членарината“ осд 1% од БДП, но Европската комисија предлага 1,11 проценти, а Европскиот парламент предлага дури 1,3 проценти.





