Австриски суд казни хирург поради ампутација на погрешна нога на постар пациент, објави Гардијан.



43-годишната докторка изјави дека се работи за „човечка грешка“, а судот во Линц ја прогласи за виновна за голема небрежност и ја казни со 2.700 евра.

Пред операцијата во мај, хирургот ја означил погрешната нога за ампутација на 82-годишен пациент.

Грешката ја открила два дена по операцијата.

Судот досуди отштета во износ од 5.000 евра и камата на вдовицата на пациентот која почина пред случајот да биде изнесен на суд.

Раководството на болницата каде е извршена операцијата преку соопштение наведува дека „детално се анализирани причините и околностите за оваа лекарска грешка“, разговарано е за внатрешните процедури со тимот и спроведена е обука.