Австрија ќе го сопре секој обид за влез на мигранти

Австрија ќе ги зaпрe сите мигpaнти кои се обидуваат да ја прeминат границата, освен ако не се преземат мерки за нивно зaпирање во Грција и другите балкански земји. Тоа го нaгласи рече министерот за внатрешни работи Карл Нехамер.



Грчката со употреба на солзавец вчера одврати стотици мигранти кои се обидоа од Турција да влезат на грчка територија, откако Анкара ги отвори границите тиер да заминат во земјите на ЕУ.

За време на миграциската криза во Европа во 2015-2016 година,Австрија служеше како коридор во Германија за стотици илјади мигранти кои патуваа низ Грција и Балканот.

„Унгарија нè увери дека ќе ги заштити своите граници најдобро што може, како и Хрватска“, рече Нехамер.

Мигрантите кои би дошле преку Балканот речиси сигурно ќе мора да поминат низ која било од овие две земји пред да стигнат до Австрија.

„Доколку луѓето и покрај тоа стигнат до нас, ќе мора да бидат зaпрени“, рече австрискиот министер за внатрешни работи.

Шефот на австриската влада, канцеларот Себастијан Курц, има тврда позиција во однос на имиграцијата, ветувајќи дека ќе спречи повторување на приливот во 2015 година.