Австрискиот канцелар Карл Нехамер во средата објави дека неговата влада, заедно со австриската нафтена компанија ОМВ, се согласиле да го платат увозот на рускиот гас во рубљи, пренесува АПА, повикувајќи се на Телетрадер.
Претходно Русија ја прекина испораката на гас за Полска и Бугарија поради неисполнување на нејзините барања.
Нехамер рече дека Австрија и Германија ги прифатиле условите за исплатата на гасот бидејќи се „утврдено дека се во согласност со условите на санкциите“. Тој претходно изјави дека „не е можно“ Европската унија да воведе санкции за рускиот гас.





