Во изминатите неколку недели и месеци, политиките околу мигрантите ги потресоа односите меѓу Хрватска, од една страна, и Австрија и Словенија од друга страна кои ја заоструваат политиката кон мигрантите.
Австрискиот министер за внатрешни работи, Херберт Кикл деновиве обзнани дека со министрите во регионот, вклучувајќи го и хрватскиот министер Давор Божиновиќ, било договорено активирање на полициско-воен план за запирање на мигрантите.
Планот бил договорен во Виена и потпишан во Прага во 2017 година и предвидува поставување армија на надворешните граници на шест земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Хрватска, за запирање на новиот мигрантски бран.
Кикл порачал дека ако тоа не се случи, Австрија ќе ги затвори своите граници, дознава „Јутарњи лист“.
„Ние јасно ѝ испративме порака во Австрија за да се смири и да биде конструктивна, а на словенечките колеги им порачавме дека нивнот евентуален договор со Австријците од Хрватска да направат „хот-спот мигрантска дестинација нема да успее“, изјавиле извори за весникот.
Но, проблемот е во тоа што Хрватска минатата година во Прага стави потпис на заклучокот на на Централно-европската иницијатива за одбрана, кој предвидува заеднички воен ангажман на границите доколку има нов бран мигранти.
Во моментов околу 6100 хрватската полицијата врши надзор на хрватската граница со Србија, Босна и Херцеговина и со Црна Гора, а наскоро ќе има уште повеќе, што е многу поголем број од другите земји во регионот.





