Во тек биле преговори на австриската влада со балканските земји за отворање центри за протерување на илегални мигранти, пишува виенскиот весник „Пресе“.



Можноста за отворање мигрантски кампови на Балканот била една од темите за која разговарале лидерите на земјите члени на ЕУ на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, пишување „Expres.mk“ пред едена седмица. 

Тоа би биле еден вид кампови каде ќе се задржуваат мигрантите кои немаат право на азил, а не можат брзо да бидат вратени назад, а идејата потекнала од евроскептичните и антимигрантски настроени влади на Данска и Австрија.

Весникот, како што пренесува НОВА ТВ, тврди дека Виена „веќе преговара“ со Скопје, Белград, Тирана и Приштина за отворање „кампови за протерување на лицата кои во Австрија добиле негативен одговор на барањата за добивање азил, а кои пристигнале преку балканската рута“.

Тие лица, според „Пресе“, треба да бидат времено сместени во некоја „помалку атрактивна земја“ за мигрантитеж, но дека земјите од Западен Балкан за возврат бараат пари.