Австралиски огранок на грчката Панмакедонска асоцијација ја објаснува смртната закана кон Владата на Алексис Ципрас ако прифати зборот Македонија да биде содржан во името на северниот сосед, откако писмо со таква содржина адресирано до Владата спомна спикерот на грчкиот Парламент.
„Во писмото се повикува Владата да не прави компромис во спорот за името, а во продолжение се вели дека казната за предавство е смрт. Ние не се закануваме да убиеме никого. Само укажуваме на тоа каква е правната казна за можна постапка, како кога се вели: ‘Не паркирај тука или ќе добиеш парична казна’“, изјави претседателот на Панмакедонска асоцијација од Мелбурн и Викторија, Крис Муѕикис, за „Неос космос“.
На забелешката дека смртната казна за велепредавство е укината во Грција во 2005 година, Муѕикис со објаснување.
„Ние не го составивме ова писмо. Тоа беше изготвено од нашата сестринска организација во Америка и беше потпишано од сите здружени панмакедонски асоцијации низ светот. Се потпишавме за да изразиме солидарност со светското тело, фокусирајќи се главно на нашата страсна желба да нема компромис во спорот за името. Ние не бевме свесни за правните аспекти, но јас верувам дека, фокусирајќи се на оваа мала точка, се одвлекува вниманието од фактот дека ние сме на работ на ‘решение’ за ова прашање кое ќе биде катастрофално за Грција. Тоа е тоа со што треба да се занимава грчката влада. Таа треба да ги оправда своите акции пред грчкиот народ“, вели тој.
Прашан што подразбираат под предавство, Муѕикис со одговор: „Предавство е кога некој намерно дејствува против интересите на својата земја, знаејќи дека тоа е штетно за неговата земја. Ние веруваме дека признавањето на ПЈРМ како ‘Македонија’ или со кој било друг сроден термин е штетно за Грција, бидејќи го оспорува историскиот, културниот и етничкиот карактер на тој регион, кој е од витално значење за Грција. Ние веруваме дека Владата на Грција знае дека е така“.
Муѕикис и со објаснување зошто отфрлаат каков било компромис со соседот.
„Зборот ‘Македонија’ е неразделно поврзан со грчкиот идентитет. Владата на ПЈРМ со години се обидува да го присвои нашето историско наследство. Исто така, направи иредентистички барања за грчката територија. Ние веруваме дека секоја употреба на сложено име што го вклучува зборот ‘Македонија’ само ќе ги засили нивните клеветнички тврдења. Бидејќи името веќе се користи од страна на оние што ги игнорираат историјата и контекстот, веруваме дека за кратко време секој префикс што би произлегол од компромисно решение ќе биде отфрлен и ќе се користи само зборот ‘Македонија’, нешто што е неприфатливо. Оваа земја мора да има име кое го одразува нејзиното наследство, а не нашето“, дециден е тој.




