Законите за забрана на нацистичкиот поздрав и прикажување или продажба на симболи поврзани со терористичките групи стапија на сила денеска во Австралија, како одговор на властите на порастот на антисемитските инциденти по војната меѓу Израел и Газа, јави Ројтерс.



Според Законот, до 12 месеци затвор ќе се казнува јавното изведување на нацистичкиот поздрав или прикажување на нацистичка свастика.

Продажбата и трговијата со овие симболи е слично забранета.

Јавниот обвинител Марк Драјфус во изјавата рече дека законот испраќа јасна порака дека во Австралија нема место за оние кои го величат Холокаустот или терористичките акти.

Воведен во јуни и усвоен во декември, законот доби ново значење во услови на наплив на антисемитизам и исламофобија по нападот на Хамас на 7 октомври, кога околу 1.200 беа убиени, а 240 беа земени како заложници.

Непроверената снимка на која се гледа мала група мажи надвор од иконската опера како извикуваат „гасирајте ги Евреите“ за време на пропалестинскиот протест во октомври, предизвика бес низ целиот свет и полициска истрага.