Бројот на инфекции од коронавирус, вчера во Автралија достигна нов рекорд, трет ден по континуираниот пораст на бројот на заразени што претставува дополнителен притисок на болничките ресурси и капацитетите за тестирање, пренесе Ројтерс.
Официјалните лица вчера пријавија рекордни 64,774 нови случаи, мнозинството во Нов Јужен Велс (НСВ) и Викторија, двете најнаселени држави во земјата, со што е надминат бројот од 47.888 регистриран во вторникот.
Јавноста е гневна од справувањето со појавата на варијантата на коронавирусот Омикрон.
Многу Австралијци, веќе незадоволни од долгите редици во јавните центри за тестирање и недостигот од домашни тестови, беа дополнително огорчени кога се појави веста дека светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ добил медицинско ослободување за да влезе во земјата.






