ликот на Кралот Чарлс нема да стои на австралиската банкнота од 5 долари. Австралија ќе го замени портретот на кралицата Елизабета Втора со нов дизајн што ќе ја одразува и почитува историјата на домородната култура на Австралија, соопшти централната банка на земјата.



„Ова е одлучено по консултација со федералната влада, која ја поддржува промената. На другата страна на банкнотата и понатаму ќе стои австралискиот парламент“, се вели во соопштението на банката на Австралија.

Портретот на кралицата Елизабета Втора првпат се појави на банкнотата од 5 долари во јули 1992 година, кога кралицата ја прослави 40-годишнината од нејзиниот прием.

Кралот Чарлс Трети, кој стана британски монарх по смртта на неговата мајка, е шеф на државата во Австралија, Нов Зеланд и 12 други земји од Комонвелтот надвор од Обединетото Кралство, иако неговата улога е главно церемонијална.

Но, смртта на кралицата Елизабета минатата година ја повторно ја разгоре дебатата во Австралија за нејзината иднина како уставна монархија.

На референдумот во 1999 година, гласачите тесно одлучија да го задржат британскиот монарх како шеф на државата.