Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ не доби дозвола за влез на седмиот континент каде требаше да игра на Аустралија опен.
Откако му беше одбиена визата за влез затоа што не е вакциниран се очекува тој утре да биде депортиран од Австралија.
Адвокатите на Ѓоковиќ се во процес на оспорување на одлуката на имиграционите власти, но извор запознаен со ситуацијата од тимот на Ѓоковиќ вели дека е извесно дека тој ќе биде депортиран.
Владата на Викторија тврдеше дека го одбила барањето за издавање на виза на светскиот број 1 неколку часа пред тој да слета во Мелбурн затоа што имало проблем со видот на визата и причината за невакцинирање.
20-кратниот победник на грен слем, кој доби ослободување да игра на Австралија опен овој месец, беше испрашуван од претставници на австралиските гранични сили во соба на аеродромот во Мелбурн најмалку до 5 часот наутро.
Таткото на Ѓоковиќ, Срѓан Ѓоковиќ, за српски медиум изјави дека неговиот син бил одвоен од неговиот тим и одведен во соба каде што останал под вооружена стража.
„Новак моментално е во просторија во која никој не може да влезе“, изјави тој за Б92.





