Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) го осудува отстранувањето на присутните сниматели на вчерашната седница на Судскиот советi непрофесионален однос кон медиумите кој придонесува, не само за фрлање сенка врз транспарентноста на судството туку и за нарушување на правото на јавноста да биде целосно информирана за работата на судските власти.
„Потсетуваме дека е особено важно на сите новинарски екипи да им се обезбеди непречен пристап за известување од настани кои се од јавен интерес, во насока на обезбедување транспарентност и отчетност на институциите“, се наведува во реакцијата на АВМУ.
Новоизбраниот претседател Сашко Георгиев, вчера соопшти дека поради условите во салата е одлучено снимателите со камерите да не бидат внатре, туку само новинарите.
И од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) вчера го осудија непринципиелниот однос на новиот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев, да ги отстрани присутните сниматели.
Од ЗНМ посочуваат дека не гледаат никаква оправданост во причината за оваа донесена одлука од страна на претседателот Георгиев.







