Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе донира финансиски средства на ТВ Канал Вис Струмица со цел да ѝ помогне на телевизијата да ги санира последиците од пожарот кој ја зафати на 25 март, во којшто беа опожарени телевизиското студио и техниката.
Ќе бидат доделени дополнителни финансиски средства, покрај оние коишто на 25 март им беа доделени на сите радиодифузери, меѓу кои и на ТВ Канал Вис. Одлуката за донација, Агенцијата ќе ја донесе на седницата закажана за 2 април 2020 година, дознава Макфакс.





