АВМУ ќе му ја зема 1ТВ на Боки13

Советниците  од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни  медиумски услуги едногласно одлучија дека се исполнети услови за започнување постапка за одземање на лиценцата на !ТВ.



Одлуката на АВМУ била усвоена  откако во последното интервју на 1ТВ Бојан  Јовановски, познат како Боки 13, во повеќе наврати призна дека сопственик на телевизијата е неговиот татко, иако тој се преставува како сопственик.

Конечната одлука АВМУ ќе ја донесе откако ќе го добие одговорот од Јовановски.