Авионската линија Скопје-Софија стартува на 27 март

Редовната авионска линија Скопје – Софија започнува активно од 27 март, објавија министрите за транспорт и врски на Македонија и Бигароја – Благој Бочварски и Николај Сабев. 



„Тоа што изгледаше долги години како невозможно, денеска докажавме дека е возможно. Заедно со туроператорите и воздухопловните власти донесовме значајни заклучоци. Третите дестинации ќе бидат познати по средбите на туроператорите и воздухопловните власти. Вратите ги отвораме за патување, туризам, и размена, рече Бочварски по средбата во Скопје. 

„Само по три недели направивме еден важен чекор, важен инструмент кој се вика директна авиолинија Скопје – Софија изјави министерот за транспорт и врски на Бугарија, Сабев

Од сега понатаму преостанатиот збор ќе го имаат туроператорите. Преостанува средба на сопствениците на аеродромите и компанијата Гуливер. Двата аеродроми ќе поддржат долгорочно економско решение“ дополни Сабев.