Авионска несреќа во Русија, се спаси ли Путин од Пригожин, шефот на Вагнер

Федералната агенција за воздушен транспорт на Руската федерација започна истрага за падот на авионот Ембраер, што се случи во денеска во регионот Твер.



Според руските медиуми на листата на патниците меѓу кои нема преживеани е и Евгениј Пригожин шефот приватната платеничка војска Вагнер.

Според соопштението на Федералната агенција за воздушен транспорт веќе е покрената истрага за падот на авионот „Ембраер“, што се случи вечерва во областа Твер.

,,Според списокот на патници, меѓу нив се и името и презимето на Евгениј Пригожин“, стои во соопштението на руската агенција.

Пригожин со дел од своите сили пред два месеци тргна да ја урива владата на Путин по што со медијација на белорускиот претседател Лукашенко дојде до примирје по што Вагнер беше дислоциран во Белорусија.

Според други руски извори Пригожин сепак се качил на друг лет во авион кој долго лета над Москва без да се спушти на некој од руските аеродроми.